ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РОДИТЕЛИ И УЧЕНИЦИ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА за учебната 2024/2025 година
Уписот на учениците во I-ва година се врши во два уписни рокови.
Датумите и термините со детали се наведени подолу.
Во Спортска академија можат да поднесат документи само учениците кои ја поминале селекцијата!
Учениците задолжително прво да аплицираат
електронски, да ја испринтаат електронската апликација и да ја понесат со другите потребни документи за упис кои се наведени во интерниот оглас за упис во I-ва година:
- електронска апликација – испринтана,
- доказ/потврда дека сте поминале селекција,
- извод од матична книга на родените (оригинал)
- сведителства од VI-то до IX-то (оригинал)
Изјава за просек 3,50 се пополнува од страна на родителот на лице место!
Задолжително документите да ги поднесе родителот!
Родителите да си направат копии од сведителствата и изводот, бидејќи ќе им требаат за интернат. За интернат потврда добиваат во училиштето.