Работилница за менталното здравје кај децата и младите

Учениците, психологот и наставниците од ДСУ Спортска академија на ден 06.11.2024 беа дел од работилници за Менталното здравје на децата и младите заедно со други училишта на кои ги изнесоа своите мислења за можни решенија во овој дел.
Учениците беа максимално вклучени во целиот процес, вложени и направија план за идните чекори кои ќе ги преземат на ниво на училиште.
Учесници на оваа работилница беа: учениците:

  1. Ана Марија Велевска I фудбал Битола,
  2. Бојана Сапунџиева II кошарка Кавадарци,
  3. Цветанка Спасова II кошарка Кавадарци,
  4. Стефан Лазаревски III ракомет Скопје,
  5. Томи – Јуниор Начоски IV фудбал Тетово,
    како и претставник од Училишниот одбор професор Тина Петковска Петков и психологот Марија Конеска.
    Училиштето работи континуирано на унапредување на менталното здравје на учениците, со што овој процес ќе го продолжи во идни активности кои ќе ги спроведат децата.