Информација за трет уписен рок

Информација за трет уписен рок во ДСУ Спортска академија за запишување на ученици во учебна 2026/2027 годинаВе известуваме дека учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во нашето училиште во паралелки во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, со две пријавувања. – Електронското пријавување на учениците ќе се врши на 20 август 2026 година од 00.00 часот до 15.00 часот. – Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 21 август 2026 година од 08.00 часот до 14.00 часот. – Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, ќе се објавуви на истиот ден најдоцна до 19.00часот. По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.