Гонзалес одржа тренинг, им подели по некој совет на младите ракометари кои во минатото имаа можност да се запознаат и со работата и на Лино Червар. Инаку во овој проект досега гостувале сите врвни стручњаци од македонските клубови.
Го затвораме проектот гости тренери за оваа учебна година. им благодарам на сите оние кои досега беа гости, вклучително и Раул Гонзалес. Нашите ученици досега имаа можност да ја видат работата на стручњаци како Червар, Гонзалес, Докузовски, Гечевски и Рајковиќ, а од идната година планираме и организација на меѓународни турнири со цел да се споредиме до другите школи од нашето соседство, што е всушност и суштината на тренинзите, да се одмерат силите и да се види кој како работел, -изјави за „Дерби“ првиот човек на академијата, Дејан Јовановски.
Leave a Reply