Јовановски за Македонски спорт: Максимална поддршка за спортскиот и академски развој на спортистите

Интервју со Дејан Јовановски, директорот на Државната спортска академија

„Наши потврдени гости тренери, кои ќе одржат тренинзи и предавања на нашите ученици, ќе бидат Лино Червар, Индира Кастратовиќ, Гино Стрезовски, Емил Рајковиќ, Марин Докузовски, Тодор Гечевски, Душко Боцевски, Мирослав Наумовски, Игор Ангеловски. Листата ќе ја дополниме и со други реномирани тренери, а подоцна ќе поканиме гости од странство“- појаснува некогашниот кошаркарски „снајперист“, сега во улога на прв човек на оваа спортска институција.

„Кажано во една реченица, подеднакво го поддржуваше спортскиот и академскиот развој на спортистите“- појаснува „главниот и одговорен уредник“ на Академијата.

Иако кај нас доста често се применува поимот спортска академија, се чини дека нашата спортска јавност и нема некоја вистинска слика за тоа како навистина „работи“ оваа институција.
Затоа, од таа гледна точка „Македонски спорт“ направи обид, преку разговор со „првиот човек“ на Академијата во Македонија, Дејан Јовановски, да го доближи тоа и до македонската спортска јавност.

Оттука и првото прашање упатено до довчерашниот генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација, а од пред извесно време и раководител на овој спортски проект, како се поставени основите на функционирањето на ова што се нарекува спортска академија, секако ападитано во македонски услови?
„Спортската академија се основа како Државно средно училиште со гимназиско образование, со своја адаптирана наставна програма, во која, освен општо-образовните предмети, застапени се и стручни, како педагогија, психологија, психомоторика, биомеханика и теорија на избраниот спорт. Секако, со цел обезбедување на соодветно прилагоден образовен систем на учениците кои се талентирани спортисти, а истото се содржи во обезбедувањето тренажен процес, односно организирање тренинзи од избраниот спорт во текот на секој учебен ден, реализирани од стручни лица – тренери кои се ангажирани од страна на училиштето“.

Кој може да биде ученик во Спортската академија. И како оди оној, условно кажано,  редослед на настаните при формирањето на „паралелките“?
„Уписот на ученици во Академијата, покрај основните критериуми согласно закон, се врши по определено тестирање на нивните спортски вештини во четири спорта – тенис, кошарка, фудбал и ракомет. По рангирањето врз основа на тестирањето, комисиите, односно националните спортски федерации даваат потврди за завршено тестирање, а истите се задолжителни за упис на ученици во ова училиште.
Ученик од Спортската академија може во секое време од своето школување да се префрли во друго училиште во текот на учебните години. Но, и обратно, да дојде кај нас во текот на своето школување. По завршување на четвртата година, учениците на Спортската академија полагаат државна или училишна матура и стекнуваат право на аплицирање на факултетите во образовниот систем на државата, како и сите други училишта. Сакаме да го истакнеме акцентот на формалното образование со што подеднакво го поддржуваме спортскиот и академскиот развој на талентираните спортисти. Кажано во една реченица, подеднакво го поддржуваме спортскиот и академскиот развој на спортистите“- појаснува „главниот и одговорен уредник“ на Академијата.

Dejan1

Како стоите со потребната инфраструктура?
“Тренинзите се изведуваат на терени изградени од страна на ФФМ, во соработка со ФИФА и УЕФА, за фудбалските паралелки, во спортски објекти изградени од Агенцијата за млади и спорт, за ракометните и кошаркарските паралелки, како и во затворени објекти – балони, во тениските центри Југ, ИТЦ и Аеродром, за тениските паралелки. Дисперзираните паралелки на училиштето во 9-те градови ги изведуваат соодветните тренинзи во спортски објекти кои се обезбедени од страна на општините.

Што всушност им обезбедува Спортската академија на кандидатите?
„На учениците во Спортската академија, пред сè училиштето, им обезбедува редовна настава како и секое друго училште. А дополнително обезбедува термини во спортски објекти каде што се реализира тренажниот процес, ангажира тренери од овие четири спорта, бесплатно сместува ученици во ученички домови по потреба, со вклучена исхрана, доделува стипендии по определени критериуми (просечен успех 4,0). Од друга страна, вклучени се и националните федерации. Во таа насока се обезбедува и превоз до салите каде што се одвиваат тренинзите и натпреварите предвидени во спортската програма, во национални и меѓународни рамки, спортска опрема (дресови, шорцеви, тренерки, маици за тренинг), топки и реквизити потребна за тренажниот процес“.
Она што е особено важно, а Јовановски сака да стави посебен акцент на тоа е дека стручните лица кои се дел од овој проект се пред сè афирмирани спортски работници.
„Стручните лица кои се вработени или ангажирани од страна на Спортската академија се од редот на афирмирани спортски работници. Секако, со професионално играчко и тренерско искуство. Меѓу нив се: Милева Велкова, Ванчо Димовски, Наталија Тодоровска, Јулија Дамчевска, Благоја Васиќ, Никола Метлиовски, Небојша Ѓуковиќ, Александар Петровиќ, Стојна Вангеловска, Глигор Санев, Горан Шевченко, Предраг Митковски, Марио Вујовиќ, Горан Станиќ, Гого Јовчев“.

Најново од „работилницата“ на Спортската академија е проектот гости-тренери. За што всушност станува збор, која е идејата на Јовановски и неговите соработници?
„Во моментов почнува да се реализира проект на гости–тренери во паралелките на Академијата, со кој учениците ќе добијат ново искуство во поглед на врвниот професионализам. Наши потврдени гости тренери, кои ќе одржат тренинзи и предавања на нашите ученици, ќе бидат Лино Червар, Индира Кастратовиќ, Гино Стрезовски, Емил Рајковиќ, Марин Докузовски, Тодор Гечевски, Душко Боцевски, Мирослав Наумовски, селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски. Листата ќе ја дополниме и со други реномирани тренери од нашиот спорт, а подоцна ќе поканиме гости од странство. Предвидени се и предавања од страна на компетентни експерти во врска со психофизичкиот развој на професионалните спортисти, во однос на исхрана, кондиција, тренажен процес, спортска психологија и мотивација.

Неизоставен дел на Академијата се и оние активности кои носат префикс меѓународни?
„Спортската академија подготвува меѓународна програма за спортски активности, во која се предвидува учество на меѓународни турнири и поединечни натпревари со соодветни селекции. Но, и со професионални клубови и релевантни спортски институции како нашата, како и организирање на свој меѓународен турнир. Во изминатите неколку денови гостувавме на меѓународниот меморијален турнир во Ваљево. И тоа со кошаркарската селекција на Спортска академија. Турнир на кој учествуваат младинските селекции на Партизан, Унион Олимпија, Мега Лекс, Игокеа, Металац. Сè се тоа клубови кои се натпреваруваат во Јадранската лига. За жал, во полуфиналето несреќно загубивме од КК Партизан Белград, па мораше да се задоволиме со третото место. Но, би рекол дека сето ова е дамо еден почеток   ,и кога е така, никогаш не е лесно. Нема застанување, секој нов ден е ново докажување, на секое поле во областа на спортот“ – смета нашиот легендарен кошаркар, сега во една друга функција, незаобиколно поврзана со и околу спортот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*