Известување за запишани ученици во I-ва (прва) година во прв уписен рок за учебната 2023/2024 година во ДСУ Спортска академија

Запишани ученици во I-ва (прва) година во прв уписен рок за учебната 2023/2024 година во ДСУ Спортска академија

Во првиот уписен рок на 22.06.2023 и 23.06.2023 година и електронското аплицирање на учениците, во нашето училиште на ниво на цела Македонија примени се 235 ученици и 3 ученици се одбиени.

Во паралелките во Скопје примени се 83 ученици за:

– фудбал – 33,

– ракомет машки – 19,

– ракомет женски – 11,

– кошарка – 16 и

– тенис – 4

Во дисперзираните паралелки примени се 152 во:

– Битола фудбал – 21,

– Прилеп фудбал – 14,

– Охрид фудбал – 7,

– Велес фудбал – 9,

– Струмица фудбал – 19,

– Штип фудбал – 11,

– Тетово фудбал македонска – 17,

– Тетово фудбал албанска – 9,

– Гостивар фудбал албанска – 9,

– Кавадарци кошарка – 21 и

– Куманово кошарка – 15 ученици

Учениците кои се примени ги исполнуваа сите критериуми за запишување во ДСУ Спортска академија имајќи ја во предивид селекцијата која ја поминаа во месец мај 2023 година по секој спорт, а учениците кои се одбиени не ги исполнуваа критериумите за помината селекција по конкретниот спорт.

Листите на запишани ученици по спортови и градови се објавени на огласната табла на централното училиште во Скопје и се во прилог подолу на ова известување.

Слободни места има во спортовите и градовите во кои бројот не е исполнет, односно, сеуште не аплицирале сите ученици кои поминале селекција и имаат право да аплицираат и да поднесат документи на второто пријавување.

Документи: Финални листи на запишани ученици по спортови и градови.