Посета на институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Денес 15.11.2022 година учениците од втора година при ДСУ “Спортска академија” беа во посета на Институтот за македонски јазик и литература “Крсте Петков Мисирков”, а во пресрет на годишнината од неговото раѓање 18.11. Историско-литературниот час го одржа проф. д-р Лидија Тануровска.
Огромна благодарност за професорката за успешната презентација, до директорот на училиштето, но и до сите вклучени во организација на истата. На овој начин докажуваме дека учениците се вклучени и во воннаставните активности.