Фудбалерите кои што остварија значајни успеси

Колективот на ДСУ Спортска академија е особено горд на своите поранешни и сегашни ученици-спортисти кои во текот на изминатата година остварија значајни успеси, како на лично и професионално, така и на клупско ниво.
Браќата Џекови, Кристијан Георгиевски,
Матеј Герасов и Михаил Димитриевски со екипата на ФК „Силекс“ го освоија Фудбалскиот куп на Македонија.
Андреј Цветковски, Филип Цветковски, Христијан Јевтовски,
Иво Марковски, Михаил Талевски и Михаил Маневски со екипата на ФК „Вардар“ го освоија Фудбалското првенство на Република Македонија.
Освен на национално ниво, учениците покажаа успеси и на меѓународно ниво.
Ученикот Лука Грчевски од генерацијата 2009 потпиша професионален договор со ФК „Црвена ѕвезда“.
Ученикот Стефан Ристиќ од генерацијата 2010 потпиша договор со екипата на ФК „Партизан“.
Не го забораваме и нашиот „Дијамант“, Елиф Елмас, кој со екипата на „Наполи“ го освои второто место во италијанското првенство.
Со својата посветеност, дисциплина и љубов кон спортот, тие постигнуваат значајни успеси на теренот.
Овие млади фудбалери низ годините покажаа континуиран напредок, борбен дух и врвна спортска култура, што резултираше со низа успеси на натпревари и турнири, како и со првите професионални договори.
Нивниот труд, заедно со поддршката од професорите, тренерите и семејствата, е доказ дека со работа, упорност и верба во себе се доаѓа до големи резултати.

ДСУ Спортска академија продолжува да гради иднина исполнета со спортски успеси и нови таленти!