МИНИМАЛЕН ПОРАЗ НА ФУДБАЛСКАТА ПАРАЛЕЛКА ОД СКОПЈЕ- ПРВА ГОДИНА ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ДО 16 ГОД

Денеска нашите фудбалери од паралелката во Скопје од прва година одиграа пријателски натпревар против соодветната генерација на фудбалери од репрезентацијата на Македонија на стадионот на Напредок во Кичево.

Добрата игра на нашите ученици не беше крунисана со позитивен резултат со примен гол во второто полувреме.

Ова е прв натпревар за пулените на Влатко Грозданоски со неговите помошници но не и последен за оваа година бидејќи се најавени уште натпревари за предстојниот период.